Вести Македонија

Слободниот пристап до пазарот на труд меѓу Македонија, Албанија и Србија кој требаше да стартува утре „падна на технички“

Слободниот пристап до пазар на трудот меѓу Македонија, Албанија и Србија, кој требаше утре да стартува, падна на техничкиот тест. Тоа го одложи и официјалното пуштање во употреба на оваа услугата за граѓаните од трите држави, што требаше да се случи утре во Скопје на свеченост со присуство на лидерите од земјите од Отворен Балкан.

Од македонската страна информираат дека „за услугата Слободен пристап до пазарот на труд да биде достапна за граѓаните на сите држави од Отворен Балкан истовремено, неопходно е е-услугите во системите да бидат тестирани меѓу сите три држави.

Додаваат дека кај нас успешно се завршени сите тестирања. Кај партнерите не станува збор за проблем, туку потреба за дополнителен период за да може услугите да бидат подигнати и за истите да може да станат достапни на граѓаните.

Првичните тестирања дадоа позитивни резултати и очекувањата се набрзо истите да бидат достапни за граѓаните.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Официјална Бугарија не се извинува туку бара извинување од Мицкоски

Дејан Дејан

Крвава пресметка на битолскиот пазар заради местоположба на тезгите – 42-годишник од зад грб се обиде да убие тезгаџија со нож

Дејан Дејан

Мапи со горливи точки објави ЦУК – централниот дел на земјава под висок ризик од пожари

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе