Вести Македонија Најважни

Почина еден од двајцата браќа кои беа застрелани пред тетовската болница

Четириесет и едногодишниот А.М. од тетовското село Гајре, кој беше ранет од огнено оружје во престрелка пред Клиничката болница во Тетово, починал на Универзитетска клиника за анестезија, реанимација и интензивно лекување (КАРИЛ) во Скопје.

Инцидентот се случи на 11 јануари годинава кога пред Клиничката болница во Тетово имаше вооружена престрелка во која беше повреден и неговиот брат, 36-годишниот З.М. кој исто така се наоѓа на лекување на КАРИЛ.

Од СВР Тетово информираа дека, вечерта по пукањето се приведени четири лица кои се сомничат дека се вмешани во вооружениот инцидент.

На престрелката пред тетовската болница и претходела физичка пресметка помеѓу еден од сега ранетите и еден од осомничените за вечерашното пукање.

Физичката пресметка се случила истиот ден околу 13 часот на улицата „Илинденска“ во Тетово.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мапи со горливи точки објави ЦУК – централниот дел на земјава под висок ризик од пожари

Дејан Дејан

Припадник на АРМ убиен во престрелка во Батинци

Дејан Дејан

Уапсен битолчанец кој со нож нападна сограѓанин на пазарот во Битола

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе