Ѓорѓи Николовски (17) го фати осветениот крст во водите на реката Вардар во Скопје.
„Здравје, среќа… Господ е голем, Господ гледа се. Да се обедини македонскиот народ и се најдобро“ порача тинејџерот по излегување од Вардар чии води претходно беа осветени од поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА) г.г. Стефан.
Оваа година беа пријавени 157 граѓани кои влегоа во водите на Вардар. Одбележувањето на празникот Богојавление-Водици започна во 9 часот, со архиерејска божествена литургија во храмот „Рождество на Пресвета Богородица“ со која чиноначалствуваше архиепископот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА) г.г. Стефан.
По завршување на литургијата, поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан заедно со свештенството во поворка се упати кон мостот „Слобода“.