Вести Македонија Најважни

Христијаните денеска го празнуваат Богојавление – Водици

Бог се јави! Навистина се јави ! За многу години !

Со овие зборови христијаните се поздравуваат на овој голем христијански празник Богојавление- Водици! Седумнаесетгодишниот Ѓорѓи Николовски го фати осветениот крст во водите на реката Вардар во Скопје.  Се верува дека тој што ќе го фати крстот ќе го следи среќа и благосостојба во текот на целата година. Годинава беа пријавени 157 капачи.

Чествувањето на големиот христијански празник Богојавление Водици започна уште во раните утрински часови со света литургија во црквата Рождество на Пресвета Богородица. Со литиите поглаварот на Македонската православна црква г.г Стефан и верниците се упатија кон мостот „Слобода“ каде беа осветени водите на реката Вардар и беше положен Светиот крст.

За верниците Богојавление е  еден најголемите христијански празници.

На овој ден, според христијанското предание Свети Јован Крстител го крстил Исус Христос во реката Јордан.Се верува дека оној кој ќе го фати Светиот крст  ќе го следи среќа и благослов во текот на целата година.  Фаќањето на крстот значи соединување со Христа. Се верува дека со неговото положување во водите тие стануваат лековити,  благословени и носат здравје, среќа и благосостојба.

Нина Стефанова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мапи со горливи точки објави ЦУК – централниот дел на земјава под висок ризик од пожари

Дејан Дејан

Припадник на АРМ убиен во престрелка во Батинци

Дејан Дејан

Уапсен битолчанец кој со нож нападна сограѓанин на пазарот во Битола

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе