Вести Македонија Топ вести

Новоизбраните судии во Апелациониот суд Скопје дадоа свечена изјава

Новоизбраните судии во Апелациониот суд Скопје дадоа свечена изјава пред Судскиот совет на Република Северна Македонија.

Сега судски е на потег откако кривичен најави дека ќе побара од Судски совет дел од новоизбраните судии за повисокиот суд да ги довршат предметите кои ги водат во основниот кривичен суд, а кои поради нивното отсуство може да почнат одново или да застарат.

Осуммината судии заминуваат во Апелација откако Врховниот суд им ги отфрли жалбите на шестмина нивни колеги кои сметаат дека требало да бидат избрани поради подоброто бодување од дел од оние кои беа избрани.

На огласот за осум позиции во Апелациониот суд имало вкупно 45 кандидати, од кои 21 кандидат за четири судии за граѓанска област и 24 кандидати за четири судии од кривична област.

Долгиот временски период, повеќе од две години, потребен на Судскиот совет за избор на судии во повисок суд, беше посочен и во Извештајот на Европската комисија.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Остра реакција на Мицкоски за извештајот во Европскиот парламент

Дејан Дејан

(ВИДЕО) Нов пожар во близина на Скопје, гори кај Смилковци- очевидец пријавил на полиција дека видел како е подметнат

Дејан Дејан

Тошковски за пожарите: Се разгледуваат сите опции и сценарио кое би можело да има друга позадина

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе