Директорот на Агенцијата за управување со одземен имот Дритон Небиу во вечерашната Топ Тема на Телма се осврна и на празнини кои оневозможуваат ефикасна конфискација. Токму за еден таков случај, за конфискацијата на „Трансмет“, Небиу вели дека ниту една државна институција не им одговара каде се машините кои се конфискувани од државата.
Од превземањето на функцијата ние не сретнавме ниту една корпа од багер, а не пак други машинерии кои што ги имаме прочитано во пресудата од страна на судот. Затоа се обратив со допис до сите државни институции, заради тоа што ние не сме компетентни да ги детектираме кај се сите тие моторни возила, кај се сите тие машини. Тука е компетентно Министерството за внатрешни работи, сме пуштиле допис до таму, до организиран криминал, до Министерството за правда, до владата, сме барале помош да ги детектираме и да ги вратиме конечно, без разлика на тоа дали се под извршител или под банкарска гаранција, рече небиу.