Вести Македонија Топ вести

Меџити: Извештајот за родилката од Делчево се уште не е завршен

Извештајот на стручната комисија за смртта на родилката од Делчево се уште не стигнал кај министерот за здравство Фатмир Меџити.

Ресорниот министер тврди дека штом го добие истиот транспарентно ќе биде соопштен пред јавноста.

Ова тој денеска го кажа при посета на болницата во Штип каде беше презентирана нова апаратура за неинвазивни лапароскопски хирушки интервенции.

Соопшти и дека наскоро ќе го распише тендерот за доизградба на новиот објект на Клиничката болница во Штип и најави кривична пријава за грчки Интеркат кој осум години го градеше објектот. Сега проектот ќе продолжи да се гради со пари од државата.

Новиот објект на Клиничката болница ќе биде одделен од бункерот на акцелераторот за онколошките пациенти за штипскиот и источниот регион.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Остра реакција на Мицкоски за извештајот во Европскиот парламент

Дејан Дејан

(ВИДЕО) Нов пожар во близина на Скопје, гори кај Смилковци- очевидец пријавил на полиција дека видел како е подметнат

Дејан Дејан

Тошковски за пожарите: Се разгледуваат сите опции и сценарио кое би можело да има друга позадина

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе