Вести

Колкав е притисокот врз жените во судството и во политиката?

Бисера Костадиновска Стојчевска, Славјанка Петровска и Јованка Тренчевска се меѓу неколкуте жени во македонската политика кои секојдневно се соочуваат со предизвици, како позитивни така и негативни. Коментарите кои ги исмејуваат, навредуваат, омаловажуваат и деградираат жените, најчесто политичарките, не го повредува само достоинството и психичкиот мир на жените, туку внесува страв, поттикнува нетрпеливост и ги демотивира младите жени да се вклучат во политиката. Жените во политиката малку ги има. Во Собранието има 51 пратеничка од вкупно 120, а во локалната власт вклученоста на жените е 36 одсто, а до сега државата немала ниту една претседателка ниту премиерка. Патот за жените во политиката е трнлив и исполнет со пречки, а години наназад се работи на јакнење на овој проблем .Меѓу решенијата е и законот за спречување и заштита на насилство врз жените каде што се заштитени жените политичарки вели министерката за труд и социјала Јована Тренчевска.

„Направивме измена на кривичниот законик каде што го вклучивме родовобазираното насилство, онлајн насилството и другите форми на насилство коишто се дел од Истанбулската конвенција којашто како Влада дадовме предлог а Собранието ја ратификуваше во 2017 година и од тогаш натаму навистина работиме доста на насилството на жените вклучувајќи ги и жените во политиката“, вели Јована Тренчевска министерка за труд и социјална политика.

„Се надевам дека ќе бидеме уште повеќе затоа што како што напомена министерката Тренчевска направивме доста многу што може да направиме уште повеќе за афирмација на жените. Јас како претходен пратеник во Собранието овој пратенички состав од 2 години со министерката за одбрана, бевме сведоци на придобивките на конечната ратификација на истанбулската конвенција во 2019 година што ја направивме така да апелирам и охрабрувам уште повеќе жени да се вклучат не само во политиката туку и во општествените функции и нивното делување затоа што само така ќе можеме понатаму да разговараме за целосна рамноправност“, вели Бисера Костадиновска Стојчевска министерка за култура.

Македонија сè уште се бори со стереотипите и предрасудите во однос на учеството на жените во политиката. Но, и во јавниот живот. Последните случувања со нападите врз Беса Адеми и обидот да биде сменета од претседателка на Врховен суд се доказ дека истото се случува и во правосудството. Сменета незаконски беше и претседателката на Судскиот Совет Весна Дамева. А на крај, кога се подвлекува линијата, како во анализaта на мета за борбата против корупција, излегува дека токму жените се главни воини на првата линија на антикорупцискиот фронт.

Симона Петровска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Албанезе за американските санкции: Моја должност е да го обелоденам фактот дека геноцидот во Газа не запира

Дејан Дејан

Прекинат е инвестицискиот циклус за домашните компании, рече Битиќи (видео)

Дејан Дејан

(видео)Битиќи во Вин-Вин: Пожарникарите треба да земаат по 100.000 денари месечна плата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе