Вести Македонија Топ вести

Даштевски: Двојните избори напролет ќе чинат најмалку 12 милиони евра

Државата ќе треба да издвои најмалку 12 милиони евра за организирање и спроведување на двојните избори напролет со можност сумата да стигне и до 15 милиони евра доколку се појават непредвидени работи вели претседателот на Државната изборна комисија Александар Даштевски во интервју за МИА.

Според него со оглед дека станува збор на двојни избори, на кои ќе се гласа и во странство, тоа не е голема сума на пари.

  • Кога се договаравме со министерот определивме една сума, меѓутоа после кога отиде буџетот во Собрание, таа сума многу се скрати. Не можам прецизно да ви кажам. Се надевам дека за некои дејствија ако биде потребно ќе се надополни Буџетот. Многу е важно дали тука е сметана и платената политичка кампања. Ако ја сметаме тогаш тоа ја зголемува сумата, вели претседателот на ДИК.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Остра реакција на Мицкоски за извештајот во Европскиот парламент

Дејан Дејан

(ВИДЕО) Нов пожар во близина на Скопје, гори кај Смилковци- очевидец пријавил на полиција дека видел како е подметнат

Дејан Дејан

Тошковски за пожарите: Се разгледуваат сите опции и сценарио кое би можело да има друга позадина

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе