Градоначалничката на Град Скопје го повика на морална одговорност градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Стојковски, откако денеска на прес конференција рече дека лице вработено во општината, негов близок соработник, создавал дива депонија на локација на реката Лепенец, на парцела од 4.000 метри квадратни на приватен имот и 5.000 метри квадратни имот на државата, во непосредна близина на пречистителната станица која ја гради општината со пари од ЕУ.
Ситуацијата ја констатирале инспектори на Град Скопје, а Арсовска вели спречен е екоцид на територија на општината.