Вести Македонија

Османи: Во М-НАВ имаше само вербална пресметка

За Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, инцидентот во М-НАВ не бил ништо друго освен вербална пресметка меѓу колегите, која нема никаква врска ниту со ДУИ, ниту со политичките позиции на луѓето кои се инволвирани.

Тој вели дека е убеден оти постапката ќе докаже дека станува збор за кавга меѓу луѓе во колективот.

Во гостување на Клан прашан што ќе биде со Беким Незири, кој беше инволвиран, а моментално е во домашен притвор, Османи рече дека очекува институциите да го расветлат случајот.

Според Османи состојбата во М-НАВ не била толку „црно-бела“.  Смета дека со случајот се создаваат многу теории на заговор кои се злоупотребуваат политички.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Грција испрати два канадера и копнени сили за гаснење на пожарот кај Дојран

Дејан Дејан

ДЗС: Спречено ширење на пожарот во светиниколско Делисинци, селото спасено

Дејан Дејан

Гори кај касарната во Ѓорче Петров, запалени куќи во Орман и во Волково – до 18 часот се евидентирани 25 пожари

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе