Вести Македонија Топ вести

Дамева очекува на седницата в среда да биде донесена правилна одлука по иницијативата за разрешување на Беса Адеми

Претседателката на Судскиот совет Весна Дамева очекува на седницата в среда, на која треба да се расправа по извештајот од Комисијата на известители во врска со иницијативата за утврдување одговорност на претседателката на Врховниот суд, да биде донесена правилна одлука.

Дамева за емисијата „360 степени“ изјави дека извештајот на Комисијата на известители е готов и дека за него ќе се расправа како седма точка на дневниот ред насловена „Расправа по извештај за констатирана состојба“.

Во однос на неколкумесечното непојавување на претседателката на Врховниот суд Беса Адеми на седниците на Судскиот совет, Дамева рече дека за тоа одговор треба да се побара лично од неа, но доколку се прашува таа како претседателка на Судски совет, таа е задоволна од присуството на Адеми бидејќи претседателот на Врховниот суд може да биде од помош за работата на Судскиот совет.

Во врска со нејзиното разрешување од функцијата претседателка на Судскиот совет по што таа поднесе претставка до Управниот суд кој пресуди во нејзина полза, Дамева вели дека со одлуката на Управниот суд не е затворен случајот со нејзиното разрешување. Очекува и други надлежни институции да постапат.

Морам да кажам дека пресудата од Управниот суд не ја сметам за личен триумф. Тоа е триумф, односно тука победи правдата, за мое, искрена да бидам, големо изненадување. Значи, сепак, не сите судии во нашата држава може да се смета дека одлуките ги носат пристрасно или од кои било други побуди. Судиите се одважија и ова го зборувам лично, бидејќи не смеам да го изразам овој став како претседател на Судски совет со оглед дека во таа постапка тужена странка, тужен орган беше Судскиот совет. Не сметам дека со ова е завршено сè бидејќи во однос на таа незаконитост мора да бидат преземени други дејствија, но за тоа се надлежни други институции, вели Дамева.

За пораките на холандскиот амбасадор по средбата со лидерот на ДУИ, Дамева вели дека нема да ја коментира пораката, но дека е убедена оти странските дипломати во земјава имаат причини за таквите чекори.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Грција испрати два канадера и копнени сили за гаснење на пожарот кај Дојран

Дејан Дејан

ДЗС: Спречено ширење на пожарот во светиниколско Делисинци, селото спасено

Дејан Дејан

Гори кај касарната во Ѓорче Петров, запалени куќи во Орман и во Волково – до 18 часот се евидентирани 25 пожари

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе