Вести Македонија Најважни

Во битолската болница има над стотици прегледи дневно- епидемиолозите велат состојба е предизвикана од три вируси

Висока температура, треска, болки  во мускулите, малаксаност, кашлица. Пациенти со вакви симптоми деновиве ги полнат амбулантите на матичните, Болницата и Здравствениот дом во Битола каде има над стотици прегледи дневно. Оваа состојба е предизвикана не од еден туку од три вируси, велат епидемиолозите.

  • Најмногу пријавуван микробиолошки изолат, на прво место, зборувам за месец декември и почетокот на јануари, е респираторниот синцицијален вирус, познат во јавноста како РСВ, а на второ место тоа е вирусот на грип односно на инфлуенца. После  РСВ и после инфлуенцата, вирусот КОВИД 19 исто така е пријавуван,  вели д-р Светлана Поповска-Кљусева, епидемиолог од Центарот за Јавно здравје Битола.

Битола  влезе во сезонска активност на вирусот на грип во последната недела од декември, за разлика од останатите градови кои влегоа една недела подоцна, поради што се очекува и вирусот да го достигне врвот на почетокот на февруари. Најпогодени се децата.

  • Најчесто вирусот на грип се појавува меѓу детската  популација од школска и предшколска возраст, но тоа не значи дека возрасните не заболуваат, туку дека децата најмногу се тестираат. Го очекуваме пикот на вирусот на грип крајот на месец јануари, почетокот на февруари, вели Поповска-Кљусева, епидемиолог од Центарот за Јавно здравје Битола.

Вакцина против грип оваа сезона примиле над 6.700 граѓани од Југозападниот регион. Во Центарот за јавно здравје има се уште вакцини и тоа бесплатни, со кои се опфатени ризичните групи, лица над 65 години,  хроничините болни, бремени жени и деца до 6-годишна возраст, а останате можат да добијат од комерцијалните вакцини. Епидемиолозите  потсетуваат дека токму тоа е најдобар превенција од заразните  заболувања.

Емилија Мисирлиевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Европратениците утре ќе гласаат за извештајот за Македонија

Дејан Дејан

Ангелов: Имаме доброволци, имаме професионалци од ТППЕ, цврсто сум решен да направам и специјалци пожарникари

Дејан Дејан

Ангелов: Зад сите пожари, би рекол, стои човечки фактор, лани имавме неколку пожари од грмотевици и од допир на жици

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе