Вести Македонија

Проценките се дека во Тетово има околу 400 диви такси возила, додека бројот на лиценцираните се намалува

Проценките се дека во Тетово има околу 400 диви такси возила, додека бројот на лиценцираните се намалува, токму поради нелојалната конкуренција. Компаниите сѐ потешко опстојуваат поради финансиските потешкотии и давачките, како и недостаток на работна сила.

Сопственикот на првата компанија во градот, воедно и претседател на тетовското Здружение, вели дека често помислува и да ја затвори.

„Има над 400 возила кои нелегално работат, не само поединечно, туку и фирми кои имаат 10-12 возила и функционираат без лиценца. Монемтално во Тетово има жолти таблици на околу 28 возила, а тоа се 3-4 компании кои регуларно работат. Одам на состаноци на ниво на цела Македонија, Тетово е најдрастично со сивата економија. Никако да најдеме сходно некој да ни помогне, да изелезе во пресрет барем 50% да се намали“. – вели Зоран Томовски, претседател на Здружение на такси превозот во Тетово.

Од сообраќајната полиција велат дека дивите таксисти доста често се проблематични во сообраќајот, поради што во нивните контроли ги казнуваат за различни прекршоци.

„Проблемите се повеќекратни. Од неправилно вршење дејствие, може слободно да забележите дека едни од најнепримерните возачи се токму тие. Запираат, паркираат на места каде што не е дозволено, запираат а сред улица, паркираат на крстосници, полукружно свртување каде што не е дозволено“. – изјави Зоранчо Талев, командир на ПС БПС Тетово

Во 2022 година лиценцираните превозници, на средба, добија ветување од градоначалникот дека ќе се сузбие нелегалниот такси превоз, но какви активности се преземени досега, од Канцеларијата за односи со јавноста не добивме одговор.

Данијела Билбилоска

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Европратениците утре ќе гласаат за извештајот за Македонија

Дејан Дејан

Ангелов: Имаме доброволци, имаме професионалци од ТППЕ, цврсто сум решен да направам и специјалци пожарникари

Дејан Дејан

Ангелов: Зад сите пожари, би рекол, стои човечки фактор, лани имавме неколку пожари од грмотевици и од допир на жици

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе