Вести Македонија

Одлуката за казна на Беџети кој го криеше предметот на Мијалков во Апелација, објавена првиот работен ден во годината

Новата Година, судскиот совет ја почна со објава на решението зошто апелациониот судија  Беџети го казнија и како утврдија дека претерано долго не одлучувал по предметите на СЈО, меѓу кои и за жалбата на Мијалков во предметот Тврдина Таргет. Иако на крај судијата Беџети заврши со казнување од плата за нестручно и несовесно работење, постапката отворена за него, ја отвори кризата во Судскиот Совет која почна со незаконското разрешување на претседателката Весна Дамева.

Првиот работен ден од Новата година Судски Совет ја објави одлуката за казната за апелациониот судија Енвер Беџети, судија за кого имаше постапка за држењето предмети меѓу кои и оној за Сашо Мијалков во фиока и поради која постапка, со незаконски одлуки беше сменета претседателката на Советот Весна Дамева лани на 5-ти мај.

Одлуката е објавена иако веќе се знаеше дека Управниот суд ја поништи незаконската одлука за разрешување на Дамева и еден ден пред Дамева повторно да го преземе местото на чело на Судскиот Совет.

Одлуката е донесена во ноември тогаш беше соопштено дека судијата Беџети е казнет со 20 проценти од плата во наредните 6 месеци. Во објавеното решение е наведено дека Беџети, кој по играта со два предмета на СЈО меѓу кои и Тврдина Таргет на Мијалков и по менувањето на Дамева несупешно се кандидираше и за позиција во врховниот суд, погрешил што со месеци не одлучувал по битните судски предмети за гонети функционери.

Задржаните предмети на СЈО во фиоката на Беџети се оценети за итни, притворски и предмети од висок јавен интерес.

-При постапување по предметот, во јавноста познат како „Тврдина-Таргет“, оформен по изјавени жалби, кој предмет судијата го примил во работа преку АКМИС системот на ден 08.10.2021 година, во својство на судија известител без образложени причини дозволил да измине неразумно долг рок од речиси девет месеци (без два дена) од денот на одржување на јавната седница по предметот (07.03.2022 година), до денот на донесување и објавување на одлуката од страна на судечкиот совет (05.12.2022 година), стои во одлуката на Судскиот совет.

-Сторената повреда при постапување во наведените предмети и опишаните периоди преставува нестручно и несовесно вршење на судиската функција, констатира Судскиот совет.

Поблагата казна, со кратење на плата, на Беџети му била изречена затоа што судскиот совет во својата одлука навел и во јавноста познати како олеснителни околности со тоа што имало малку кривичари во скопска Апелација поради што судиите имале многу предмети, потоа Беџети бил заменик претседател на судот.

Споро ги водел предметите за Мијалков и функционерите и поради тоа што била пандемија на корона, а предметите биле сложени додека неговите колеги од советот имале и други обврски.

Последното оправдување за други судиски обврски падна во вода кога беше објавено дека Енвер Беџети бил член на тричлен совет во Апелација кој за еден ден лани во ноември одржал јавна седница и на Ерсен Сали за пукање во човек му ја смениле казната во условна. Истиот Сали беше член на групата на Незири која упадна во МНАВ и кој е во бегство.

Миомир Серафиновиќ

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Европратениците утре ќе гласаат за извештајот за Македонија

Дејан Дејан

Ангелов: Имаме доброволци, имаме професионалци од ТППЕ, цврсто сум решен да направам и специјалци пожарникари

Дејан Дејан

Ангелов: Зад сите пожари, би рекол, стои човечки фактор, лани имавме неколку пожари од грмотевици и од допир на жици

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе