Вести Македонија Најважни

Куќен притвор за бегалецот Керими, амбасадорот Гир со порака до партиите кои местат свои членови на професионални позиции

Кривичниот суд и на 5-тиот осомничен, а приведен за упадот во контролата на летање му определи домашен притвор.

Лабинот Керими кој е во роднински врски со водачот на групата Беким Незири, по 8 дена бегство, беше уапсен на граничниот премин Блаце кон Косово, а обвинителството не е задоволно од одлуката на судот кој на сите 5-мина досега фатени им определи куќен притвор затоа што смета дека може да избегаат или да влијаат на сведоците и на истрагата.

-За лицето осомничено за кривично дело – Загрозување на безбедноста на воздушниот сообраќај кое повеќе дена беше недостапно на органите на прогонот, а вчера беше лишено од слобода на граничен премин, Основниот кривичен суд Скопје определи мерка куќен притвор. Основното јавно обвинителство Скопје ќе вложи жалба на ваквата одлука, соопшти ОЈО Скопје.

На истрагата уште и се недостапни тројца познати бегалци кои исто така биле дел од групата на функционерот на ДУИ Беким Незири.

Институциите треба да ја завршат истрагата и да преземат мерки за да се обезбеди независноста на институцијата која врши контрола на летање, вели ЕУ амбасадорот Дејвид Гир во интервју за МИА.

Партиите треба да се откажат од назначувања на свои членови и функционери на места кои треба да бидат независно и професионално пополнети вели Гир.

Државата мора да овозможи соодветно ниво на независност на телото што раководи со службата за навигација и исто така да се осигура дека именувањата на клучни позиции во рамките на самата служба е во согласност со законските прописи, а човечките ресурси се управувани на начин преку кој се почитува безбедноста пред се, како и ефикасноста и рентабилноста на институцијата, рече Гир.

-Еден од аспектите поврзани со корупција за кој сме особено загрижени е начинот на кој, веќе многу години, и не од една партија, постои пракса на именувања врз основа на партиска припадност на клучни позиции,оцени амбасадорот Гир.

МИА: Да, исто како што имавме во последните случувања во МНАВ?

Гир: Точно. Тоа е најголемата загриженост. Се надевам дека партиите кои ќе настапуваат на  избори оваа година, ќе ја искажат својата заложба за ставање крај на оваа пракса на влијание врз именувањата.

Гир чии членови на кабинетот веднаш по инцидентот во МНАВ се сретнаа со синдикатот на контролорите на летање порача дека корупцијата е сериозен проблем кој наместо да се решава се продлабочува со неказнивост на извршителите и функционерите на такви кривични дела кои ја поткопуваат довербата на граѓаните во системот.

Миомир Серафиновиќ

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ангелов: Имаме доброволци, имаме професионалци од ТППЕ, цврсто сум решен да направам и специјалци пожарникари

Дејан Дејан

Ангелов: Зад сите пожари, би рекол, стои човечки фактор, лани имавме неколку пожари од грмотевици и од допир на жици

Дејан Дејан

Пожарникарите наишле на запалени палети и мирис на бензин – Ангелов за пожарот во Чучер Сандево

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе