Двајцата повредени во вчерашното пукање пред тетовската болница се наоѓаат на клиниката КАРИЛ во Скопје каде се префрлени по пукањето.
-Колку што знам, по информација (добиена) од директорот на болницата во Тетово, двајцата се префрлени во Скопје. Едниот е во потешка, едниот во полесна состојба. Тие се во КАРИЛ. Другото, се ќе расчисти МВР и понатаму и обвинителството, рече министерот за здравство Фатмир Меџити.
Mинистерот Меџити изјави дека пукањето пред тетовската болница било заради нерасчистени проблеми меѓу две групи кои случајно се нашле во дворот на болницата. Додаде дека инцидентот нема поврзаност со здравствениот сектор.
Доцна синоќа беа приведени четири лица за пукањето, а се трага по уште едно лице.
Четири лица се приведени за пукањето во тетовската болница, полицијата трага по уште едно