Вести Македонија

Стручна комисија треба да даде одговор дали имало пропусти во лекувањето на почината родилка од Делчево

Наредната недела ќе биде објавен извештајот од стручната Комисија, којa ја формираше министерот за здравство, Фатмир Меџити за случајот со 26 годишната родилка од Делчево која почина на 26 декември на КАРИЛ, а беше донесена во лоша здравствена состојба од штипската Клиничка болница.

Стручната комисија е формирана и за кратко време ќе излеземе со извештај од стручната комисија. Идната недела ќе биде извештајот и ќе се расчисти и тој случај како што се расчистиле сите случаи во стравството досега откога јас го водам Министерството за здравство, рече меџити.

Инспекторите на ДСЗИ констатираа дека на пациентката во 39 недела од бременоста, матичниот лекар на 22 декември и креирал упат за следење на нормална бременост до породување.

Четири дена подоцна се јавила на преглед во приемната акушерска амбулантна во Клиничка болница-Штип и е утврдено намалување на плодовата течност. При сместувањето колабирала, по што веднаш и извршен итен царски рез.

По породувањето продолжена е интервенција во стомакот, констатирано е дека обилното крварање потекнува од крвен сад во близина на слезената. Запаѓа во шокова состојба, па повторно хируршки е интервенирано со отстранување на слезената.

Конзилумот одлучува родилката да се хоспитализира на КАРИЛ во Скопје, каде и почина.

Новороденчето на починатата 26 годишна родилка е во добра здравствена состојба, и од пред два дена е дома.

Викторија Димитрова Јованова

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ОЈО бара притвор за лицето осомничено за подметнување на пожарот во Ѓорче Петров

Дејан Дејан

Два огнени крака, еден кон Николиќ, другиот кон Ѓопчеле – силен ветар го разгоре пожарот во дојранско

Дејан Дејан

Независните бараат од 20 до 100 потписи за кандидирање во општина

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе