Вести Македонија

Пораките на Коп се јасни, не треба да се интерпретираат

Пораката на Холандскиот амбасадор Коп е јасна и дикретна. Назадувањето на владеењето на правото е одговорност на сите политичари, но особено се однесува на ДУИ затоа што пораката беше испратен на средба со лидерот на партијата Ахмети, илустрирана со фотографија, оценува Миша Поповиќ од Институтот за демократија, Социетас Цивилис.

Тој не се согласува со интерпретациите кои дојдоа од функционерите на ДУИ дека Коп барал поддршка од партијата

Изјавата на Коп ќе предизивка некакви реакции и ќе биде поттик за оние во Владата кои се за борба против корупцијата, но не очекува промени кај оние кои се спротивставуваат а кои Поповиќ ги нарекува „вето играчи“.

Слаѓана Тасева од Транспаренси Интернешнел Македoнија забележува дека сѐ помалку се слуша гласот однадвор. За разика од порано има помалку реакции и на амбасадорските критики и на лошиот извештај на ЕК.

Во борбата со корупцијата клучен е интегритетот, кој го има најмногу во независните иснтитуции а најмалку кај обивнителството, покажува извештајот за Националниот систем на интегритет кој го презенитраше Транспаренси.

Државната ревизија е носечки столб кој има најмногу интегритет, но нема доволно ресурси. Втор столб е ДКСК, а третиот е Народниот правобранител. По лошите извештаи на ДКСК и на Држвниот ревизор треба да паѓаат оставки, но не се постапува, оценува Тасева.

Во извештајот аналзирани се 15 столба на интегритетот, кои ги вклучуваат Собранието, Владата, јавниот сектор, медиумите, Јавното обвинителство, судовите, службите за спроведување на законот, приватниот сектор, јавните претпријатија.

Елена Ивановска Мукоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ОЈО бара притвор за лицето осомничено за подметнување на пожарот во Ѓорче Петров

Дејан Дејан

Два огнени крака, еден кон Николиќ, другиот кон Ѓопчеле – силен ветар го разгоре пожарот во дојранско

Дејан Дејан

Независните бараат од 20 до 100 потписи за кандидирање во општина

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе