Вести Македонија

Илјадници потврдени случаи на магарешка кашлица во регионот, а во Македонија само два, последиците се сериозни

За една недела, повеќе од двојно пораснал бројот на пациенти со грип. Вирусот зеде два човечки животи. Јануари е месец со најголем број заболени од почетокот на сезонскиот грип, но лекарите сепак велат пикот допрва не очекува. Средината на февруари ќе биде најкритична. Но грипот не е толку застрашувачки колку опасноста од враќањето на големата кашлица. Отпорот кон вакцинација отвара врата за поразителни бројки на заболени. Компликациите од болеста се сериозни, а најмладите се пред најголем ризик од фатален исход.

Не само губењето на здив, може да има енцефалит, мзочни удари, скршеници на ребра…

Кашлицата е толку интензивна што дури страшна е за гладање, изјави Злате Мехмедовиќ, портпарол на Комисијата за заразни болести.

Големата кашлица веќе беснее во регионот. Во Хрватска има 4.500 заразени на население од 4 милиони. И дел од останатите соседни земји бројат илјадници заразени. Лекарите не очекуваат такво сценарио и во Македонија, но сепак велат ризикот е голем. Излез не гледаат во мерки како што ги донесе ковид пандемијата, туку во имунизација. Во Македонија засега има само два потврдени случаи, со болеста се борат две бебиња, кои во моментот се во стабилна здравствена состојба. И двете не биле вакцинирани.

Има ли државата механизам да ги натера родителите да ги вакцинираат своите деца?

Министерот за здравство Меџити со одговор:

Јас не ги знам многу законите, во здравството се разбирам повеќе. Ќе ги консултирам правните служби затоа што ова се комплексни прашања и ќе видиме дали ќе бидат казенети родителите на невакцинираните деца, изјави фатмир меџити, министер за здравство.

До 7ми јануари вакцинирани се 60.766 лица против сезонски грип. Бројот на имунизирани новороденчиња против голема кашлица од година во година се намалува, па така во 2022 година биле имунизирани 84%, а за да има колективен имутнитет потребно е стапката да е над 95%. Комисијата за заразни болести наредната недела ќе одлучува дали ќе има мерки и препораки за заразните респираторни болести.

Тамара Марковска

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ОЈО бара притвор за лицето осомничено за подметнување на пожарот во Ѓорче Петров

Дејан Дејан

Два огнени крака, еден кон Николиќ, другиот кон Ѓопчеле – силен ветар го разгоре пожарот во дојранско

Дејан Дејан

Независните бараат од 20 до 100 потписи за кандидирање во општина

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе