Вести Македонија

Аријанит Хоџа во Топ Тема: Конкурсот за изборот на членови на ДИК настана кога ние се уште бевме во фаза на регистрирање на партијата

Според тоа од кого се бараше поддршка и од кого ја добија за членот во ДИК, Европската демократска партија која се декларира како опозиција, како да е со една нога во власта. На ова прашање во вечерашната Топ Тема на Телма Аријанит Хоџа, претседател на Европската демократска партија, рече дека тие се релативно нова политичка партија и случувањата на политичката сцена се такви што некогаш треба да се донесат одредени решенија.

  • Конкурсот за изборот на членови на ДИК настана кога ние се уште бевме во фаза на регистрирање на партијата, па ние немавме удел кој аплицирал и како се одвивала постапката. Од правен аспект кога ги завршивме сите наши процедури за регистрација на партијата го информиравме Собранието дека настапуваме со пратеникот Басрим Бајрами и дека сме опозициона партија. Врз основа на тоа што го процениле работните тела во собранието, пратено е известување за тоа кој конкурирал во ДИК за да го надополни местото и ние требаше да кажеме за кого ќе дадеме поддршка, бидејќи тоа е според процедурата која можеби за првпат се применува, рече Аријанит Хоџа, претседател на Европската демократска партија.

Доколку се следел Законот и членот 27 и став 5 многупати до сега би требало да биде сменет составот на ДИК бидејќи секоја партија кога влегувала и излегувала имала обврска да го известува претседателот на Собранието. Но тоа предизвика напуштање на Собранието од страна на Европскиот сојуз за промени кои за себе велат дека тие се вистинската опозиција.

  • Не станува збор за емотивно прашање кој како се чувствува и како би се определил. Изборниот законик остава многу простор за толкување во ситуацијата каде што се наоѓаме. Доколку би биле две албански партии едната на власт другата во опозиција, многу јасно стои како би се одвивале процедурите во контекст на тоа како би се избирал членот на ДУИ. Тоа што се бара законски е членот на ДИК да не биде во раководните структури на партијата, за тоа секој кандидат дава изјава. До моментот кога јас сум предлагал член на ДИК не сум имал никакво барање од Европскиот сојуз за промени за да седнеме и да се договориме за тоа кој би бил, рече Аријанит Хоџа, претседател на Европската демократска партија.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ангелов: Имаме доброволци, имаме професионалци од ТППЕ, цврсто сум решен да направам и специјалци пожарникари

Дејан Дејан

Ангелов: Зад сите пожари, би рекол, стои човечки фактор, лани имавме неколку пожари од грмотевици и од допир на жици

Дејан Дејан

Пожарникарите наишле на запалени палети и мирис на бензин – Ангелов за пожарот во Чучер Сандево

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе