Вести Македонија

30 дена притвор за таткото осомничен за убиството на двегодишната ќерка

(фото илустрација)

Од СВР Охрид известија дека против 30-годишен кичевчанец е поднесена кривична пријава за убиство на неговото двегодишно дете. Судот му определил притвор кој се спроведува во битолскиот затвор.

Таткото ја претепал ќерката на 18-ти декември, но и покрај напорите на лекарите во кичевската болница и на скопските клиники, децојчето почина пред 4 дена.

Целото соопштение на СВР Охрид:

-ОВР  Кичево поднесе кривична пријава против Ф.Д.( 30) од Кичево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство“. Тој, на 18.12.2023 година околу 21 часот во неговата семејна куќа во Кичево, при вршење на семејно насилство, со физичка сила и нанел тешки телесни повреди на неговата двегодишна ќерка, која била пренесена за укажување лекарска помош во Општата болница во Кичево, а потоа во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје каде, на 08.01.2024 починала. Судија на претходна постапка при ОС Кичево, на Ф.Д. му одреди мерка притвор од 30 дена по што е спроведен во Казнено поправната установа „Затвор-Битола, соопшти полицијата.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ОЈО бара притвор за лицето осомничено за подметнување на пожарот во Ѓорче Петров

Дејан Дејан

Два огнени крака, еден кон Николиќ, другиот кон Ѓопчеле – силен ветар го разгоре пожарот во дојранско

Дејан Дејан

Независните бараат од 20 до 100 потписи за кандидирање во општина

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе