Функционерите од власта ја релативизираат критиката од холандскиот амбасадор, кој отиде во Мала Речица за в лице да му каже на Али Ахмети дека политичкото влијание врз судството е неприфатливо и дека „посветеноста на Македонија за членство во ЕУ е загрозена од постојаниот пад во владеењето на правото“.
Бујар Османи ја оцени средбата како „срдечна“, а Коп според него, не дошол да ги критикува ДУИ, туку да побара помош од нив.
Османи вели и дека, со Коп имаат разлики во концепти, особено за тврдењето на амбасадорот дека Македонија може и без ЕУ да ги направи реформите во владеењето на правото. Тој смета обратно – дека сме премногу мали за сами да успееме во тоа без преговорите со ЕУ и дека холандскиот пристап може да се толкува и како комплимент но и злонамерно, дека Холандија е позната по немање на расположение за проширување.
Премиерот одби да ги коментира дел од критиките.
За опозицијата, пораката на холанскиот амбасадот е потврда на нивните укажувања.
Во својата објава на фејсбук, холандскиот амбасадор вчера беше уште поконкретен, оценувајќи дека е неприфатливо и несоодветно политичко влијание врз претседателката на Врховниот суд, Беса Адеми и дека тоа ќе предизвика силна реакција од Холандија, што беше протолкувано како директна порака да престанат политичките игри, таа да се тргне од функцијата.
Далиборка Демјанска Цветановска