Вести Македонија Најважни

Куќен притвор за Беким Незири и тројцата осомничени за упадот во М-НАВ- упадот не се случил во контролната кула, туку во просторијата од каде се врши навигацијата

„Жалбите на Јавниот обвинител делумно се прифаќаат и донесе решенија со кои на четирите лица им се опредлува мерка куќен притвор во траење од 30 дена како и дополнителни мерки на претпазливост, односно привремено одземање на патна исправа и забрана за нејзино издавање и Забрана за приближување или воспоставување односно одржување контакти или врски меѓу осомничените и со оштетениот“, се вели во соопштението од Кривичниот суд.

Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје, денеска, одржа седница во присуство на странките кои побараа јавна седница, а во однос на жалбите изјавени од Јавниот обвинител против решенија на судии од претходна постапка од 04.01.2024 година со кои на 4 лица им се определија мерки за претпазливост поврзани со случувањата во М-НАВ.

Според решението надзорот над куќниот притвор е во надлежност на МВР, а против овие решенија странките имаат право на жалба пред Апелациониот суд Скопје во рок од 24 часа од приемот на решенијата.

 

Од судот нагласуваат дека според сите досега доставени факти и податоци, конкретниот настан не се случил во контролната кула, односно просторијата од каде се врши навигацијата,  туку во просторијата која е одвоена со најмалку две безбедносни влеза пред кулата.

Факт е дека  осомничените презеле одредени дејствија кои е потребно дополнително да се истражат за да се утврди фактичката сосотојба. Заради сето тоа, Советот донесе решенија за определување мерки со кои ќе обезбеди дополнителна гаранција за понатамошната достапност на овие четворица осомничени.

Обвинителството го гони Незири и уште три лица за кривично дело нарушување на безбедноста на воздушниот сообраќај по член 303  став 2 од кривичниот законик , дело за кое е предвидена минимална затворска казна од пет години. Четворица осомничени се во бегство за кои останува централната потерница.

Од ОЈО нема засега ништо дополнително по решението донесено од Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје.

Кривичниот совет треба да донесе одлука за жалбата на Обвинителството за неизрекувањето на притвор за Беким Незири и другите осомничени кои упаднаа во контролата на летање

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Недоволен буџет за здравствена заштита и застој во изградбата на нови болници, регистрираат ревизорите во извештајот за 2023

Дејан Дејан

Рашче под притисок, дивите приклучоци го уништуваат капацитетот

Дејан Дејан

Разговори за можно примирје во Појасот Газа во Белата куќа- Нетанјаху на вечера кај Трамп

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе