Вести Македонија Топ вести

(видео)Тасевски во Топ Тема: Со настаните на 4. јануари започна одмотување на клопчето во М-НАВ

Што се случи на 4 јануари во М-НАВ?

-Тоа е почетокот на одмотување на клопчето. Тоа не е настан кој резултира од грешките од вчера или завчера, туку покажува дека целиот овој период погрешно била поставена целата постапка, кој лица биле вработени во службите за обезбедување, каква била нивната задача, дали имале други активности, кога во одреден момемнт се договориле да направат напад врз контролор на летање, но законодавството да си ги одговори овие прашања, одговори во вечерашната Топ Тема на Телма Александар Тасевски, претседател на синдикатот на М-НАВ.

„Од оние што ги видовме на Телевизија тројца ги препознавме како наши вработени, кои биле другите четири навистина не знам, може да ги видам вака би ги препознал. Од друга страна дали биле вработени кај нас или не тоа ќе мора да прашате некој од раководството. Или сегашниот директор Хасим, кој остана кој е одговорен за секторот за човечки ресурси. Може е некој наш вработен но никогаш не дошол на работа“, вели Тасевски.

На прашањето дали е влезено во контролната соба рече дека за тоа треба да одговори истрагата.

  • Јас не бев таму, од информациите кои ги добив таму имало влечење, туркање, наводно имало одење кон контролната соба. Имало расправии, кои на крај резултирале со удар. Не сум меѓи тие што ги гледал снимките за да анализирам. Знам дека имаше истражни органи кои уште првиот ден ги гледаа снимките и анализираа што се правело, направија и записници и знаат што точно се случувало. Имаше и лица од М-НАВ кои се задолжени во овој дел на безбедносно одделение, тие беа инволвирани во самата постапка на разоткривање на настаните, вели Тасевски.

Според него функционирањете како синдикат било во насока на безбедноста на граѓаните. Се повлекувавме од најавените штрајкови само за граѓаните да не трпат, бидејќи тие се најмалку виновни за состојбата во М-НАВ. Ова не е наша активност која сме ја почнела сега туку години наназад и гледаме чекор по чекор нешто да постигнеме. Факт е дека поради сите пропусти во минатото дојдовме до онаа состојба од пред некој ден, објаснува Тасевски.

Тој потенцираше дека во М-НАВ има партиски вработувања, вработувања на несоодветни кадри, онаа функционална анализа. Еден од директорите си даде сам отказ, еден е разрешен, се активираат сите можни инспекции.

  • Тоа што баравме ангажирање на фирма. Веќе имаше два тендера главните заложби беа критериумите да не може да конкурираат фирма која нема искуство. Имаше прв обид за тендер кој беше смешен, како рокови од 8 дена за пријавување на меѓународен тенднер, тој не помина нашиот притисок се продолжи и на следниот тендер имаше нови рокови, се пријавија фирми. 23 јануари треба да се отворат новите понуди ако минатиот пат имало 4 заинтересирани фирми, сега очекуваме повеќе да се пријават. И да почнат постапки на функционална анализа кај нас, објасни Тасевски.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Молкот нема да трае долго како вашето судење, порачаа роднините од седмиот „Марш за Агнелите“

Дејан Дејан

Во Кочани нов марш на семејствата на настраданите во пожарот

Дејан Дејан

Интервју со Високата претставничка за надворешна политика и безбедност на ЕУ, Каја Калас

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе