Трагедија во Светиниколско. Еден работник почина, а вториот се бори за живот, откако паднале во септичка јама на фарма во светниколското село Амзабегово. Според првичните информации, несреќата се случила додека чистеле во еден од објектите на фармата.
Починатиот работник бил на возраст од 46 години, а второто лице е 53-годишен маж кој е пренесен на клиниката за токсикологија во Скопје. Пациентот, според очевидците, пристапил до јамата да му помогне на колегата, но заради вдишување на амонијак ја загубил свеста.
Првичените наоди се дека амонијакот направил оштетувања на мозокот, со оглед дека лицето не прeпoзнава никого, го загубил говорот и манифестира неартикулирани движења. Не чувствуа болка и нема крварање, но има потенцијални оштетувања на мозокот кои ќе се знаат по денешната компјутерска томографија, велат за Телма од клниката за токсикологија.
Од СВР-Штип го потврдија случајот, а увид извршија екипи од Свети Николе, јавен обвинител, како и трудов и санитарен инспектор.