Вести Економија

Дизелот поевтинува за денар, Еуросупер БС-98 за половина денар, цената на Еуросупер БС-95 не се менува

Дизел горивата од ноќеска на полноќ поевтинуваат за еден денар по литар, цената на Еуросупер БС-98 се намалува за половина денар, додека цената на Еуросупер БС-95 останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,54 отсто.

Новата малопродажна цена на Еуросупер БС – 95 ќе изнесува 77 денари за литар, Еуросупер БС – 98 ќе се продава за 79 денари, Еуродизел БС (Д-Е V) за 72,5 денара, а Екстра лесното масло за горење (ЕЛ-1) за 72 денара за литар. Со одлуката на РКЕ за 0,281 денари за килограм се зголемува малопродажната цена на мазутот М-1 НС и ќе изнесува 41,517 денари.

Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување кај бензините во просек за 1,355 отсто, кај дизелот за 2,341, а кај екстра лесното масло за 2,138 отсто, додека кај мазутот има зголемување за 0,219 отсто. Курсот на денарот во однос на доларот по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,566 отсто.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Европа да се обедини, реформите се тешки, уставните измени главен услов – пораки од еврокомесарката Кос

Дејан Дејан

Министерство за енергетика: Не се изгубени средства од Реформската агенда, обврските ќе се исполнат до јуни 2026 година

Дејан Дејан

Запленети 100 килограми марихуана во Струмица

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе