Вести Македонија

Петровска: Компромис со безбедноста на патниците и безбедноста на македонското небо нема да има и не смее да има

Случувањата во М-НАВ особено невозможноста да се воспостви работен ред и дисциплина во институцијата како и немањето соодветен дијалог помеѓу работодавците и синдикатот очигледно дека предизвикаа бранувања и во јавноста, меѓутоа и во институциите, изјави министерката за одбрана Славјанка Петровска.

Претседателот на Владата во консултација со мене како министерка за одбрана и министерот за транспрот и врски Благој Бочварски, донесе одлука дека на следната седница, тоа е седница во вторник на Владата, ќе предложи разрешување на директорите и управниот одбор на М-НАВ. Тоа е заради тоа што сакаме да ја испратиме пораката дека компромис со безбедноста на патниците и безбедноста на македонското небо нема да има и не смее да има. Истовремено ги повикувме и политичките партии и политичките движења во нашата држава, да не ги користат и да не ги злоупотребуваат ниту вработувањата, ниту вработените во оваа институција за остварување на својата лична агенда. Она што е најважно за граѓаните и за јавноста е дека авиособраќајот во  Република Северна Македонија е безбеден и се одвива согласно правилата на Еуроконтрол, рече министерката Петровска.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Бројот на жртви во поплавите во Тексас се искачи на 59 – стотици спасувачи трагаат по исчезнати

Дејан Дејан

Пожар кон граничниот премин Блаце, се шири кон шума

Дејан Дејан

Во Катар почнуваат преговори меѓу Израел и Хамас за прекин на огнот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе