Вести Македонија Топ вести

ДУИ: Инцидентот во М-НАВ неправедно ни се препишува

Демократската унија за интеграција- ДУИ по случувањата во М-НАВ соопштија денеска дека силно ја осудуваат секоја форма на насилство и безбедноста на сите граѓани е најважна за нив. Оттаму посочуваат дека настаните во М-НАВ се вознемирувачки и од државните институции се третираат со најголема сериозност.

„Истражните органи мора одлучно да го расветлат случајот. Инцидентот кој се обидува неправедно да и се припише на ДУИ, е резултат на нарушени и заладени односи меѓу колегите во работната средина и нема никаква врска со политичкo прашањe, а уште помалку со ДУИ. Станува збор за несогласување меѓу колегите и во никој случај не треба неправедно да се меша партиска политика.

Од ДУИ ја осудија и  „тенденцијата за постојано мешање на партиите во секоја приватна секојдневна работа“. Од партијата додаваат дека никој не е над законот, но воедно и се спротивставуваат на осудувањето и притисокот на јавноста врз институциите.

Координаторот на партискиот огранок на ДУИ во Чаир, Беким Незири ги отвори вратите на радарската кула и им дозволи на насилниците да влезат во зградата на М-НАВ. Тој со својата картичка пропуштил луѓе кои не биле вработени во контролата, а кои физички нападнале дел од вработените.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Велосипедските патеки од 500 илјади евра ги поделија битолчани

Дејан Дејан

Кој ќе го наследи Мустафа во Судски?

Дејан Дејан

Полесни услови за полициски директор и началници, повторно се брише полициска станица Бит Пазар- предлог законот стигна во Собрание

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе