Вести Македонија Топ вести

„Дајте им го небото на професионалците“ апелираат пилотите – а, агенцијата за обезбедување на М-НАВ посочува: „задолжени сме само за главната капија“

„Задолжени сме само за главната капија“ – ова е коментар на надлежните од кичевската 2 СС, која е ангажирана како обезбедување на М-НАВ. Вчера, вработениот на смена ја кренал рампата, по одобрение на внатрешното одбезбедување на М-НАВ, по што насилниците влегле внатре.

2 СС секогаш постапува професионално, тврди Самир Билбилоски, генерален директор и сопственик, во телефонски разговор за Телма и додава дека тоа што го има како информација му е пренесено од лицето ангажирано на смена.

Билбилоски вели и дека на 29 декември завршила тендерската постапка и биле известени дека повторно се избрани за обезбедување на М-НАВ. Го добиле договорот за продолжување на соработката, но тој сѐ уште не бил потпишан.

Фирмата 2 СС годинава има добиено 28 тендери за обезбедување и на други институции. Па така, во системот на Бирото за јавни набавки е наведено дека, меѓудругите, Клиниката за хематологија, Меѓуопштинскиот центар за социјална работа на Град Скопје, Факултетот за ветеринарна медицина и скопската гимназија „Јосип Броз – Тито“ фигурираат како договорен орган.

Во меѓувреме, човек од струката, пилотот Горан Павловски, во разговор за Телма наведува дека ги следи случувањата во Контролата на летање.

Ваква високопрофесионална институција е заробена од партиски кадри, а резултатот на сето тоа е загрозување на нашиот воздушен простор.

„За жал оваа ситуација трае веќе подолго време во М-НАВ. Ова не е случување од пред шест месеци. Оваа ситуација со М-НАВ и во многу други воздухопловни служби вклучувајќи ја тука и Агенцијата за цивилна воздушна пловидба ескалира затоа што тие високопрофесионални организации за жал станаа места каде што се вработуваат партиски кадри. Навистина, доста е! Дајте им го небото на професионалците“ вели Горан Павловски, пилот.

Павловски вели дека контролорите на летање со својот глас и инструкции ги водат летовите. Безбедноста на летовите започнува и завршува од техниката која треба да обезбеди системите да работат, метеоролошката служба и службата за информации кои даваат логистичка поддршка на крајните оперативци односно пилотите.

„Ова што сега се случува во М-НАВ не само што ме изненадува, туку и ме згрозува“ реагира Павловски и дополнува – не само безбедноста на домашните летови, туку загрозена е безбедноста и на меѓународниот воздушен сообраќај.

Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мицкоски: Нема да има данок за немажени, сакав да поттикнам дебата

Дејан Дејан

Скопје со валцери го одбележа јубилејот на Јохан Штраус

Дејан Дејан

КОД: „Пулс“ во Кочани – дивоградба претворена во кабаре без дозвола и заштита

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе