Вести Економија

Адеми: Со полнење на јавниот, а празнење на приватниот сектор, ќе бидеме уште позависни од политиката и партиите

Страшен и загрижувачки е податокот кој покажува пад на бројот на вработени во приватниот сектор, коментираат дел од експертите. Од УЈП вчера соопштија дека за само два месеци приватните компании загубиле околу 6.000 лица. За експертите ова е сериозна бројка, состојба која ќе создаде нов удар на пензискиот и здравствениот фонд кои и онака се во проблеми.

-Вие како држава зависите од приватниот сектор. Ова покажува дека ќе има се помалку даноци од приватниот сектор  и сите капитални инвестиции , коридорите,  инвестициите во железницата ќе бидат ставени на тест. Тоа кажува дека ќе се задолжуваме и ќе расте јавниот долг наспроти  домашниот БДП и тоа не е добро за една држава и за еден млад човек, вели за Телма економскиот аналитичар Висар Адеми.

Според Адеми една од причините за ваквата состојба е тоа што државата наместо да го помага приватниот сектор таа се јавува како негов конкурент. Со тоа од една страна се обесхрабруваат фирмите да инвестираат и работат тука, младите бегаат или надвор или во  јавен сектор. Тоа е спротивно на препораките на ЕУ  и состојба која  ќе не направи уште по зависни од политиката и партиите.

– Со овие загрижувачки информации еден  млад човек ќе мора да тропа на вратите на претседателите на еден партиски огранок како што е случајот сега со  М- НАВ каде партијата е поважна од здравјето и од сите други работи кои ги имаме, додава Адеми.

За да се стави крај на оваа состојба, препорачува државата да создаде амбиент за работа на приватниот сектор, да го помага претприемништвото, секторите кои се клучни за економијата извозот. Ја повтори и препораката која со години се слуша- растеретување на јавниот сектор. Но наместо тоа, деновиве сме сведоци на дузина огласи за вработување во министерствата, јавните претпријатија, агенциите, општините, за кои од Владата тврдат дека не се поради изборите.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Рубикон си наплаќал по тендери и со одземена лиценца

Дејан Дејан

Два онколошки лека префрлени од болничка во примарна позитивна листа

Дејан Дејан

Дигитален упис во средно догодина

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе