Од синдикалната организација на тетовската печатница „Напредок“ се пожалија дека не се знае судбината на вработените. Се работи за 40-тина работници на кои им било кажано дека фирмата ќе се затвори, при што работниот процес течел додека имале репроматеријали до половина на минатиот месец, по што тие продолжиле да доаѓаат на работа, затоа што сѐ уште се водат како вработени.
Додаваат и дека им доцнат и до пет плати, што се случува неколку години наназад, а со тоа немаат ниту здравствено осигурување, поради што ќе ги искористат сите правни можности. Од новиот управител на фирмата нема одговор.