Вести Свет

Марш во Истанбул за поддршка на Газа

Неколку десетици илјади се собраа во Истанбул за да го одбележат почетокот на новата 2024 со марш за Газа и за да го осудат терористичкиот напад од пред неколку недели, во кој загинаа повеќе од 10 турски војници во северен Ирак. Демонстрантите маршираа, извикуваа слогани, држеа транспаренти и вееја палестински знамиња. Настанот го организира Турската младинска фондација и членовите на Националната платформа за волја, која се состои од 308 невладини организации. По нападот на Хамас на 7 октомври, Израел почна со воздушни и копнени напади врз појасот Газа, при што загинале над 21 илјада Палестинци, а ранети се 56 илјади. Според израелските власти, во нападите на Хамас загинале околу илјада и 200 Израелци.

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Крвава пресметка на битолскиот пазар – 42годишник се обиде да убие тезгаџија со нож

Дејан Дејан

Мапи со горливи точки објави ЦУК – централниот дел на земјава под висок ризик од пожари

Дејан Дејан

Припадник на АРМ убиен во престрелка во Батинци, се трага по убиецот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе