Вести Македонија Топ вести

Загадениот воздух ја оштетува слузокожата на сите органи

Загадениот воздух кој стана наша реалност ја оштетува слузокожата на сите органи, пред се дишните патишта , што може да резултира со хронично воспаление, кое  може да доведе до малигни процеси, но исто така и до акутно влошување на некои други хронични заболувања.

„Аерозагадувањето е причина за смртност на пациенти со карцином на бели дробови во 29%. Ова се информации од Светската здравствена организација, предизвикуваат смртност во 43% кај пациентите со хронична опструктивна белодробна болест, исто така одговорни се во 25% од смртноста на кардиолошките, односно исхемичната срцева болест и во 24 % е одговорна за смртноста кај мозочните удари“, изјава проф. д-р Дејан Докиќ, Универзитетска клиника за пулмологија и алергологија

Бројот на малигни заболувања на белите дробови е во пораст, сепак не можеме со сигурност да кажаме дека исклучиво се должи на загадениот воздух, додава професор Докиќ.

„Има повеќе фактори, мултифакторијална е причината. Но тоа е причина ние како клиника заедно со Министерството за здравство сме на прагот да воведеме една програма за рано скринирање кај пациенти кои се над одредена возраст со одредени пушачки навики, за рано да го откриеме карциномот на белите дробови, затоа што секоја болест па и малигните доколку на време се откријат може да се лечат“, додава Докиќ.

За министерот Меџити проблемот со загадениот воздух  е проблем кој треба да го реши Министерството за животна средина, прашан што со мерките против загадувањето тој со следниот одговор.

„Еве денес имам внатрешно министерски колегиум, секој колегиум сабајле и тоа што можам да ви најавам ќе има ригорозни мерки за пушењето во 2024 и ќе потпишеме протокол со СЗО. Е сега нека си ја мислат пушачите како понатаму“, изјави Фатмир Меџити, министер за здравство.

Во меѓувреме треба да се подигне свеста кај граѓаните индивидуално да се заштитат во оние денови во кои воздухот е најзагаден пред се оние кои имаат хронични болести, додава професор Докиќ. Да носат соодветни маски за заштита, возрасните и најмладите да земаат витамин Ц и витамин Д. Во оние простории во кои се користат еркондишни за дозагревање тие да бидат со хепа филтри, граѓаните да ги користат сончевите денови за прошетка на планина.

Нина Стефанова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Западен Балкан како под вршник, Пиринеите и Англија со најтоплиот јуни досега

Дејан Дејан

Сè уште е на интензивна нега, но состојбата ѝ се подобрува – ФЗО за една од критично повредените пациентки од пожарот во Кочани

Дејан Дејан

Сомнежи за злоупотреба на боледувања – контролите двојно зголемени

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе