Кошарка Спорт

Лејкерс ја прекинаа очајната серија во Оклахома, трипл-дабл на Дончиќ против Сан Антонио (ВИДЕО)

Леброн Џејмс постигна највисоки 40 поени сезонава и ги предводеше Лос Анџелес лејкерс до победа од 129-120 на гостувањето кај Оклахома, во рамки на НБА-лигата.

Лејкерс ја прекинаа лошата серија од четири порази по ред, а Џејмс имаше одлична шутерска вечер од далечина, бидејќи постигна пет тројки од исто толку обиди. Ентони Дејвис запиша 26 поени и 11 скока. Шаи Гилгеус Александер беше најефикасен во редовите на Тандер со 34 поени.

Далас го совлада Сан Антонио со 114-119, а Лука Дончиќ го запиша 36-тиот трипл-дабл во кариерата со 30 или повеќе поени. Словенецот го заврши натпреварот со 39 поени, 12 скока и 10 асистенции.

Денвер дојде до гостински триумф кај Шарлот од 102-95. Мајкл Портер Јуниор имаше 22 поени, а Никола Јокиќ запиша 18 поени, 10 скока и 9 асистенции.

Детроит го запиша 26-тиот пораз во низа откако загуби на гостувањето кај Бруклин со 126-115 и го израмни негативниот рекорд во НБА-лигата со Кливленд и Филаделфија.

Бостон славеше во Лос Анџелес кај Клиперс со 145-108, како и Милвоки кај Њујорк со 130-111. Победи остварија и Голден Стејт, Минесота, Кливленд и Јута.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

АЕК бара натпреварот со Алкалоид да биде презакажан

Дејан Дејан

Гиљермо останува на клупата на Вардар и следната сезона

Дејан Дејан

Милевски одбра 27 фудбалери меѓу кои и еден дебитант за Белгија и Казахстан

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе