Вести Македонија Топ вести

Струмичани револтирани поради алармантното загадување во градот

Активистите против аерозагадувањето во Струмица најавуваат заострување на своите активности и посилен притисок врз надлежните институции. Револтирани од штетниот воздух најавуваат герила акции и објaвување на загадувачите на социјалните мрежи. Велат дека мора да се алармира јавноста и да се поттикнат граѓаните да ги евидентираат загадувачите. Од институциите бараат пак, повеќе инспектори, но и инвестирања во мерни инструменти.

Градоначалникот Костадинов потенцира дека најголемото  загадување е во утринските и вечерните часови, за што се правеле контроли токму во тој период. Тој се согласува дека загадувањето доаѓа од индустријата, но и од домаќинствата а инспекциските служби биле на терен во две смени.

Владата донесе препораки и мерки против загадувањето во Струмица и Кичево каде два дена едноподруго е надмината вредноста од 150 микрограми пм 10 честички на метар кубен воздух. Дел од препораките се граѓаните да работат на отворено во периодот од 11-17 часот, да се ослободат од работа бремените жени, лицата со хронична астма и преживеан инфаркт или мозочни удари, но и намалена употреба на служебени возила на државните институции, ограничување на градежните активности и друго.

Освен Струмица и Кичево во групата најзагадени градови се и Тетово и Скопје.

Сузана Мицева

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Уште еден „Марш за ангелите“ попладне во Кочани

Дејан Дејан

„Бајач“ од Трубарево измамил брачен пар од Берово за 400.000 евра

Дејан Дејан

Сторија од Преспа: Природата не е депонија!

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе