Вести Македонија Топ вести

Мрежата против дискриминација ги оспорува кандидатите за членови на Комисијата за заштита од дискриминација

Партиски луѓе без доволно искуство во областа на човековите права и заштита од дискриминација се на списокот за идни членови на Комисијата за заштита од дискриминација доставен до пратениците за гласање, обвини денеска Мрежата за заштита од дискриминација. Од четири кандидати кои треба да дојдат на место на актуелни членови чии мандати истекуваат, како што наведуваат од Мрежата против дисриминација, само Драгана Дрндаревска е независен експерт, која ги исполнува законските критериуми помеѓу избраните кандидати.

  • „Во законот се вели – седум години работно искуство во областа на човековите права, од кои пет години во областа дискриминација. Голем број од кандидатите претставувајќи се, стекнавме впечаток оти мислат дека само поради тоа што се правници дека по  дифолт го исполнуваат условот“, вели Уранија Пировска од Хелсиншки комитет за човекови права.

Од Мрежата наведуваат дека освен што е единствен кандидат од граѓанскиот сектор, Дрндаревска е незаконски оштетана и со тоа што на неа и е одреден мандат од една година и два месеци, додека другите кандидати добиле мандат од пет години. Објаснувањето било, како што наведуваат, дека таа доаѓа на местото на, Кире Василев, кој минатата година се повлече од Комисијата.

Александра Цветановска од Здруженито на млади правници притоа објаснува дека ваквото префрлање на мандатот е незаконски, со оглед дека доаѓа по повеќе од една година откако Василев се повлекол од Комисијата, односно дека во моментов петгодишниот мандат на позицијата која ја држел Василев во Комисијата e истечен и поради тоа не и поради тоа не може да биде пренесен.

  • „Треба уште еднаш да се преиспита во однос на предлог листата, како и во однос на гласањето за кандидатите и давањето на некое лице помал мандат, а со тоа и ставање во понеповолна положба“, вели Александра Цветановска од Македонско здружение на млади правници.

Од Мрежата наведуваат дека правдата ќе ја бараат и пред Уставниот суд.

Дрндаревска пак одлуката на Комисија за прашањата за изборите и именувањата која ги избирала кандидатите, на неа да и додели мандат пократок отколку на другите кандидати го нарече неприфатлив и понижувачки, наведувајќи дека пратениците од собраниската Комисија работела во интерес на партиите.

  • „Со тоа што јавно кажувам дека нема да го прифатам најкраткиоѕ мандат, сметам дека кон мене е исто така сторена политичка дискриминација, бидејќи не припаѓам, односно не сум поврзана со политичка партија, додека на другите кандидати, кои се поврзани со политички партии ним им се дадени подолги мандати. Ова за мене значи дека се спротивставуваме на потценувачкиот однос кон граѓанскиот сектор“, вели Драгана Дрндаревска, Коалиција Маргини – кандидат за ДКЗД.

Освен Дрндаревска неаздоволство од направенито избор за нови членови на Комисијата за заштита од дискриминација изразија и другите кандидати од граѓанскиот сектор за членови на Комисијата. Тие обвинија дека не е направена првична селекција на кандидатите дали ги исполнуваат условите, дека станува збор само за трансфер на партиски луѓе од една во друга институција.

  • „Со предлог листата на кандидати којашто ја избра Собранието, јас лично сметам, дека државата во основа покажа дека не сака да има функционални институции, независни, транспарентни, не сака луѓе кои имаат знаење“, изјави Елена Кочоска, експерт за човекови права и попреченост.
  • „Не сакаме да дозволиме комисијата која што е наменета за да придонесе кон еднаквоста и да служи на најранливите граѓани во државата да стене жртва на партиското вработување“, е став на Давид Тасевски, директор на Квир центар.
  • „Доколку ние сакаме во иднина навистина да остане довербата во Комисијата како таква, како едно професионално тело што навистина разбира дискриминација, а не само видело некаде дискриминација или прочитало дискриминација, потребно е Собранието да застане на страна на ескепртите, на страна на луѓето кои ја работата таа тема и да каже: ’Да, ваквите луѓе треба да ја креираат оваа комисија“, вели Маја Атанасова од Здружение на млади правници.

Од Мрежата за заштита од дискриминација денска упатија повик до пратениците.

  • „Пратениците да размислат добро пред да гласаат“, порача Пировска.

Инаку на листата за членови на Комисијата за заштита од дискриминација доставен до пратениците за гласање се и Флора Кадриу, дипломиран професор по одделенска настава од Скопје, Душан Томшиќ, дипломиран социјален работник од Скопје и Зекир Абдулов, дипломиран правник од Делчево.

Тамара Грнчароска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Уште еден „Марш за ангелите“ попладне во Кочани

Дејан Дејан

„Бајач“ од Трубарево измамил брачен пар од Берово за 400.000 евра

Дејан Дејан

Сторија од Преспа: Природата не е депонија!

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе