Вести Македонија Топ вести

Болниците и амбулантите во Скопје се полни со пациенти кои се жалат на респираторни заболувања

Граѓаните на главниот град на Македонија веќе со денови дишат загаден воздух. Високите концентрации на канцерогените честички ги надминуваат и за неколку пати дозволените граници. Скопје со денови е меѓу првите десет најзагадени градови во светот. Ниту дождот не може да го измие загадувањето.

Во брзата помош периодов најголем број повици се од повозрасните лица. Се жалат на влошено здравје, поради хроничните заболувања, а особено респираторни проблеми. Но, сепак, најпогодени се децата, поради што во детската клиника Козле нема слободен кревет за хоспитализација, а на дневно ниво се вршат по 150 прегледи.

„Загаденоста е еден голем ризик фактор и тргер фактор за да ни ја искомплицира клиничката слика кај едно дете. Меѓутоа и самите ПМ честички кога паѓаат на земјата, а дечињата  се помали и се поблиску до земјата и на тој начин кога дишат побрзо инхалираат и многу повеќе тие токсини може да направат проблем во нивниот организам“, вели Мирјана Поповска-ЈЗУ Институт „Козле“.

За разлика од другите градови во регионот, каде авионските летови се откажуваат поради густата магла и загадениот воздух, на скопскиот аердором засега летовите редовно се одвиваат. Но, граѓаните кои пристигнуваат во Скопје, имаат што да кажат.

„Синоќа слетавме во Скопје и навистина се чуствува голема разлика од каде дојдовме и овде. Имав чуство како да сум влегла во некоја чекална или просторија на аеродром каде се пушат цигари. Ужасно“.

ПМ-10 честичките се опасност за човечкиот организам, бидејќи станува збор за честички со дијаметар помал од 10 микрометри, кои влегуваат во горниот дел од респираторниот систем. Доктор Нико Беќаровски преку Фејсбук објаснува што значи зголемен индекс на загаден воздух. Го споредува со пушење цигари, па така, ако индексот е 72 тоа е еднакво како да сме испушиле една цигара. Но, во Скопје индексот на квалитет на воздухот со денови е над 300, што значи дека бесплатно сме испушиле 14 цигари. Според последните студии, воздухот во главниот град е толку загаден што животниот век на луѓето е намален за две до три години.

Тамара Марковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Три тони кокаин на албанската мафија завршија во рацете на властите во Еквадор

Дејан Дејан

Уште еден „Марш за ангелите“ попладне во Кочани

Дејан Дејан

„Бајач“ од Трубарево измамил брачен пар од Берово за 400.000 евра

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе