Членови на Советот на јавни обвинители едногласно дадоа поддршка Соња Симовска да биде в.д. републички јавен обвинител по 25.декември кога истекува мандатот на Љубомир Јовевски.
Јовески кој по функција е член на Советот, не дојде на денешната седница. Симовска ќе ја извршува должноста се со изборот на иден обвинител.
Доаѓа како предлог на претседателката на Советот, Душица Димитриеска. Претходно работела како приправник во скопското обвинителство, а потоа и како обвинителка во ОЈО Скопје.
Од 2009 до 2021 била виша обвинителка во Скопје, а од почетокот на 2022 е дел од републичкото обвинителство.
Постапката за избор на наследник на Јовески е во тек, а на огласот за оваа позиција се пријавија тројца кандидати Фатиме Фетаи од Вишото јавно обвинителство Скопје, Лидија Раичевиќ од Основното јавно обвинителство Скопје и Љупчо Коцевски од Јавното обвинителство на РСМ.