Вести Македонија

Валентин Груевски во „Топ тема“: Референдумот е легитимно средство за промена на градоначалник

Состојбите во град Скопје и очигледното нефункционирање на локалната самоуправа на Град Скопје создаде иницијатива која мина на партиските органи за овозможување на законски услови за промена на еден градоначалник, изјави Валентин Груевски, потпретседател на ЛДП, во вечерашната „Топ тема“ на ТВ Телма.

„Градоначалниците на општините со законот од 2002 година никако и по ниту една основа не можат да бидат променети, освен ако се осудено со правосилна казна од шест месец и повеќе затвор, во случај на смрт или ако станат жители на друга општина. Секој друг во оваа држава, вклучувајќи го и претседателот, може да биде променет. Тоа е нелогично, бидејќи може да имате градоначалник кој годишно троши, 25, 30, 50 или 500 милиони евра, а за четири години не постигнува никаков резултат. Мора да се најде некаков начин по кој тој градоначалник ќе одговара или ќе има институт со кој ќе биде сменет. Сметаме дека референдумот на кој граѓаните би се изјасниле за промена на градоначалник е едно легитимно средство со кое тој градоначалник може да биде променет“, истакна Груевски.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Рашче под притисок, дивите приклучоци го уништуваат капацитетот

Дејан Дејан

Разговори за можно примирје во Појасот Газа во Белата куќа- Нетанјаху на вечера кај Трамп

Дејан Дејан

Продолжуваат спасувачките напори во Тексас – над 100 загинати

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе