Вести Македонија

Димитриевски: Не го гласав Талат Џафери за да си го вработи синот

Изневерените очекувања, а не етничката припадност, се причината зошто на чело на техничката влада не треба да застане актуелниот спикер Талат Џафери, смета претседателот на новата партија ЗНАМ, Максим Димитриевски.Носителите на функции, вели, треба да и` се лојални на државата и да се водат од желбите на граѓаните и законот, а не од партиските принципи.

Димитриевски смета дека се потребни суштински промени и во Државната изборна комисија. Потсетува дека, актуелниот закон не им нуди можност на помалите партии да имаат соодветно и еднакво учество во изборниот процес. Поразително е, вели, дека конечните одлуки за многу процеси, па и за составот на ДИК, се носат на лидерски средби.

Неговата партија ќе учествува самостојно на изборите, а ќе имаат и свој претседателски кандидат. За Димитриевски, соработката со СДСМ е завршена работа, а нема намера да соработува ниту со ВМРО ДПМНЕ. Политички ќе бидат позиционирани во центарот, а во делот на социјалната политика ќе се движат кон лево. Наскоро ќе бидат формирани ограноци во сите општини, а доцнењето се должи на опструкциите со кои се соочиле поради употребата на името Македонија при регистрацијата на партијата. Сепак, судот на крај пресудил во нивна корист.

Далиборка Демјанска Цветановска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Рашче под притисок, дивите приклучоци го уништуваат капацитетот

Дејан Дејан

Разговори за можно примирје во Појасот Газа во Белата куќа- Нетанјаху на вечера кај Трамп

Дејан Дејан

Продолжуваат спасувачките напори во Тексас – над 100 загинати

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе