Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски ја заврши сезоната, но веќе напорно се подготвува за 2024 година. Тој моментално е во Дубаи како одработува дел од своите подготовки и тоа со најдобриот тенисер на денешницата Новак Ѓоковиќ.
Светскиот рекет број 1 има улога на ментор и тренер на нашиот Ивановски. На најновите видеа кои кружат на социјалните мрежи се гледа како Ѓоковиќ му помага на Македонецот да ја унапреди и подобри својата игра со драгоцени совети.
Ова е втор пат годинава Ѓоковиќ и Ивановски да тренираат заедно, бидејќи во октомври двајцата одработија неколку тренинзи и во Белград. Нашиот тенисер моментално се наоѓа на 325.место на АТП ранг-листата, но оваа година неколку недели беше и на највисокото 305-то место.