Вести Економија Топ вести

Освен за „Чебрен“, грчки компании се интересираат и за Универзален снабдувач

Дали Грција полека, но сигурно го освојува македонскиот енергетски сектор? По владините преговори грци да го градат Чебрен, фирми од таму се интересираат да се јават и на повикот за избор на нов Универзален снабдувач кој ќе ги снабдува домаќинствата и малите потрошувачи со струја.  Познатиот трговец во земјава ЕДС чија мајка фирма е токму грчката државна компанија за производство на енергија, ППС со која се преговара за Чебрен, сака да се јави на повикот за избор на универзален, но се надева дека од матичната фирма во Атина ќе добијат финансиска поддршка за што таму допрва ќе се одлучуваа. Но, според информациите и други грчки фирми имаат интерес за повикот за Универзален.

Од компанијата РЕС пак која е во сопственост на познатиот бизнисмен Кочо Анѓушев и на најголемата бугарска компанија за производство на обновлива енергија,  Реналфа, за Телма соопштија дека се уште немаат донесено одлука дали ќе се јават на повикот. Од оваа фирма ЕСМ неколку пати има купувано електрична енергија.  Она што е сигурно документи ќе достават сегашниот снабдувач  ЕВН ХОУМ, но и ЕСМ Продажба.

Листата на критериуми кои треба да ги исполнуваат компаниите е долга.

  • Доказ дека фирмата е регистрирана за вршење на дејност снабдување со струја, но и дека нема забрана за тоа;
  • Изјава дека во последните пет години не била изречена правосилна пресуда за учество во корупција, измама, перење пари;
  • Потврда дека нема отворено постапка за стечај или за ликвидација;
  • Дека се платени сите даноци, придонеси и други јавни давачки;
  • Фирмите треба да обезбедат и доказ дека имаат стандарди за ИТ безбедност, дека се способни за откривање на хакерски напади на системот;
  • Да има доволно капацитет и персонал  за испорака на повеќе од 500.000 месечни фактури,
  • Локални центри за контакт од кои еден да има капацитет да опслужи најмногу 50.000 мали потрошувачи и домаќинства. Во листата стој и дека фирмата треба да има:

Да има изјава дека во рок до 30 дена од донесувањето на одлуката за избор, ако неговата понуда биде избрана како најповолна, дека ќе достави банкарска гаранција во износ од најмалку 10 отсто од неговите годишни обврски.

Во однос на претходниот тендер, овојпат работниот капитал на учесниците треба да биде поголем и да изнесува, речиси, 40 милиони евра.

Ова е само дел од она што треба да го исполнуваат сите кои сакаат да се јават. Повикот за избор Владата го објави пред неколку дена. До 12 јануари фирмите треба да ја достават потребната документација. Но на крајот оној кој ќе понуди најниска маржа  од јуни догодина ќе ги снабдува домаќинствата и малите потрошувачи со струја. Министерот Бектеши пред извесно време рече дека очекува маржата да биде пониска од сегашната која изнесува 11 отсто.

Ирена Чачкова 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Трамп: Израел се согласи на условите за прекин на огнот во Газа

Дејан Дејан

Сенатот го усвои „големиот прекрасен закон“ на Трамп

Дејан Дејан

Топлотен бран ширум Европа – повеќе земји бележат рекордни температури за овој период од годината

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе