Вести Свет Топ вести

Хантер Бајден: Нема апсолутно никакви докази дека татко ми e вмешан во мојот бизнис

Републиканците во Конгресот синоќа гласаа да се авторизира процедура за импичмент на претседателот Џо Бајден, кој самиот овој чин го нарече „политичкa махинација“.

Гласањето беше остро поделено по партиска линија со 212 демократи „против“ и 221 републиканци „за“. Целата ситуација околу импичментот е поврзана со наводно учество на претседателот Бајден во бизнис зделки на синот на претседателот, Хантер Бајден, и неговото минато однесување.

Пред сослушувањето синоќа, во за него ретко појавување пред новинарите, тој излезе со емоционална изјава во која целата ситуација ја нарече „апсурдна“, републиканците Џемјс Комер, Џим Џордан и Џејсон Смит од надзорниот комитет на Претставничкиот дом ги окарактеризра како „манипулатори“ и „лажговци“  кои водат незаконска истрага со користење искривени факти и манипулирани докази.

Сакам да кажам колку ште е можно појасно, татко ми не е финансиски поврзан со мојот бизнис, ниту како адвокат од пракса, ниту како член на (компанијата)  Буризма, ниту како партнер во моите бизнис врски со кинески претприемачи, ниту пак во моите инвестиции во САД или во странство. Во текот на мојата борба со зависноста имав голема подршка од моите родители… И во длабочините на мојата зависност бев невнимателен со финансиите, но да се сугерира дека тоа е основа за импичмент е повеќе од апсурдно, тоа е бесрамно, изјави Бајден.

Додаде дека „нема докази во полза на обвинувањата дека татко ми е финансиски вмешан во мојот бизнис, бидејќи тоа не се случило“.

Хантер Бајден посочи дека „ја сум овде, не се кријам“, и побара сослушувањето да биде јавно, наспроти претседавачот Коми кој свика сведочење затворено за јавноста.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Уште еден „Марш за ангелите“ попладне во Кочани

Дејан Дејан

„Бајач“ од Трубарево измамил брачен пар од Берово за 400.000 евра

Дејан Дејан

Сторија од Преспа: Природата не е депонија!

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе