Останато Спорт

Лајлс и Кипјегон најдобри атлетичари за 2023 година

Американскиот спринтер Ноа Лајлс и Кенијката, Фејт Кипјегон ги добија признанијата за најдобри атлетичари во годината што изминува.

Лајлс блескаше на последниот Светски шампионат во Будимпешта каде успеа да освои три златни медали. Покрај триумфот во штафетата 4 пати по 100 метри, Лајлс беше најуспешен на 100 и 200 метри.

Кај дамите доминацијата во текот на сезоната Кипјегон ја круниса со престижното признание. Атлетичарката од Кенија поставуваше нови светски рекорди на 1500, 5000 метри и една милја, а на шампионатот во унгарската престолнина таа се закити со златото во првите две дисциплини.

Посебни признанија за постигнувањата во текот на годината добија Арман Дуплантис и Јулимар Рохас. Швеѓанецот на митингот во Јуџин постави нов светски рекорд прескокнувајќи 6 метри и 23 сантиметри додека Рохас во Будимпешта по четврти пат освои мундијалско злато во трискок.

Тигист Асефа од Етиопија и Кениецот, Келвин Киптум добија признание за постигнати резултати надвор од атлетските стадиони. Асефа на женскиот маратон во Берлин постави нов светски рекорд кај дамите додека Киптум забележа најдобар резултат на сите времиња на маратонот во Чикаго.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тер Штеген ќе застане на голот на Интер?

Дејан Дејан

Манчестер јунајтед го промовираше младиот Диего Леон

Дејан Дејан

Бони потпиша за Интер од Парма за 23 милиони евра

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе