Во рамките на проектните активности на проектот ,,Унапредување на системски недостатоци – Поддршка на реформите во системот за заштита на деца”, се одржа настан за промоција на специјализирано згрижување и на изготвени Прирачник за обучувачи специјализирани згрижувачки семејства , Прирачник за специјализирани згрижувачи за грижа на деца со попреченост и Информатор за стручни работници во центрите за поддршка на згрижувачки семејства.
Настанот беше наменет за стручните соработници од Центрите за поддршка на згрижувачки семејства. Пред присутните говореа Жарко Трајков Проектен Менаџер, Наде Качакова Директорка на Приватна Установа СОС Детско село Скопје, Елена Кочовска, активист и експерт за човекови права и попреченост и Лејла Шабановска, специјализиран згрижувач во Скопје.
СОС ДС во соработка со МТСП, ЈУ ЗСД Скопје и ЦПЗС 11 Октомври и Битола како дел од заедничкиот проект Унапредување на системски недостатоци – Поддршка на реформите во системот за заштита на деца ја реализираше и оваа активност идентификувана како квинтесенција за натамошен развој во областа на специјализираното згрижување, а инвестицијата во истата активност корелираше во целост.
Оваа активност која беше испланирана да се спроведе преку креирање на Програма за обука за професионалци за специјализирано згрижување која беше насочена кон градење на капацитетите на стручните работници и специјализираните згрижувачи со цел зголемување на знаењата, вештините и ставовите во однос на специјализираното згрижување, а аналогно на тоа и овозможување на соодветен пристап кон децата со попреченост, забележа проф.д-р Жарко Трајков, менаџер на проектот.
„Оваа инкрементална активност на мезо ниво започна со реализација преку идентификување на експерти кои ќе можат да одговорат на предизвикот.Истите беа вклучени во Мапирање на постоечките материјали во земјава за згрижување на децата со попреченост и постоечките специјализирани социјални услуги. Се пристапи и кон Анализа на состојбата во Република Северна Македонија во врска со згрижувањето на децата со попреченост. Накратко индукција и дедукција на расположливиот материјал.Секако од исклучително значење беше и Повратната информација од работната група за првичната верзија на прирачник и водич за специјализирана обука – Работната група беше составена од негуватели, експерти, практичари и згрижувачки родители кои учествува во развојот на програмата врз основа на претходната анализа.
Изработката на програма за обука значеше:
– Анализа на секундарна литература – Анализа на видови попречености и специјализирани вештини за нега и постоечки услуги за деца со попреченост.
Информаторот нуди кратки одговори на најчестите прашања поставувани од страна на сегашните и потенцијалните специјализирани згрижувачи. Тој овозможува правилно насочување низ низата прописи и процедури на потенцијалните специјализирани згрижувачи, а за сегашните претставува потсетник при средбите со стручните лица од надлежните центри за поддршка на згрижувачките семејства и центрите за социјална работа одговорни за корисниците
Прирачникот за специјализирани згрижувачки семејства за грижа на деца е изготвен за да овозможи преку едукација да се создаде функционално и компетентно семејство со добра рамнотежа помеѓу стабилноста (правила, улоги) и флексибилноста (можност за промена во согласност со развојните барања и животните околности) и конструктивни начини на справување со проблемите.
Општата цел на прирачникот е подобрување на знаењата и компетентноста за обезбедување соодветна нега, грижа и стимулирање на развојот на децата со попреченост.
Знаете, иако ја означуваме оваа активност и инвестиција како исклучително значајна сепак инкремент сте вие стручните работници кои градите самодовербата и ја правите промената преку секојдневната работа и делување. Навистина треба да бидете горди на тоа.
Знаете се вели дека Чадорот не може да го спречи дождот, но може да ви овозможи да стоите на дождот. Самодовербата можеби нема да донесе успех, но дава моќ да се соочиме со секој предизвик во животот а истата вие ја овозможувате“, додава проф.д-р Жарко Трајков, менаџер на проектот.
ПРИРАЧНИКОТ ЗА МАСТЕР ОБУЧУВАЧИ ЗА ОБУКА НА СПЕЦИЈАЛИЗИРАНИ ЗГРИЖУВАЧКИ СЕМЕЈСТВА ЗА ЗАШТИТА НА ДЕЦА СО ПОПРЕЧЕНОСТ има
Општата цел
– подобрување на знаењето и компетентноста на стручните работници во центрите за поддршка на згрижувачките семејства за карактеристиките на децата со попреченост без соодветна родителска грижа преку изработка на прирачник и Специфични цели:
- обезбедување теоретска основа за разбирање на попреченоста, начинот на процена и стратегиите за работа;
- обучување на мастер обучувачите за време на сесиите за обука и пилотирање преку поддршка и супервизија.
СОС Детско Село и Центарот за поддршка на згрижувачки семејства како лиценциран давател на услугата згрижување на деца без родители и родителска грижа, ја препознава потребата од зголемување на ресурсите за специјализирано згрижување во заедницата. Со цел истото да се овозможи, се обезбедуваат обуки за јакнење на капацитетите на стручните соработници, како и на самите згрижувачи за згрижување на деца со попреченост. Освен што е потребно развивање на соодветни компетенции кај згрижувачите, постои паралелна потреба за развивање на пристапни, достапни и квалитетни услуги во заедницата за соодветна поддршка на децата со попреченост, изјави директорката на Приватна установа СОС Детско Село Наде Качакова.
Згрижувачките семејства треба да бидат промовирани од една страна, но од друга страна и зајакнати, бидејќи тие се една од алките кои треба да водат кон независен и самостоен живот на лицата со попреченост. Тоа е и наша обврска согласно Конвенцијата за права на лица со попреченост, каде што државата наместо во институции, ќе работи на сместување на деца, младинци и лица со попреченост во згрижувачки семејства. Дополнителни треба да се гледа на згрижувачките семејства како форма и инструмент кој ќе ги замени и останатите услуги кои кај нас не се развиени, како одмена на семејна грижа и повремено згрижување. Исто така потребно е да се развие и услугата куќа на пола пат, како форма на социјална заштита, истакна Елена Кочовска, активист и експерт за човекови права и попреченост.
СОС Детско село Скопје ги повикува сите заинтересирани кандидати за згрижување да ги контактираат на телефонскиот број 075 277 447