Вести Македонија Топ вести

Втор ден тага, неверување, но и страв-учениците во Песталоци продолжија со настава, а родителите ги чекаа надвор

Училишниот двор во Песталоци денес беше мирен и тивок. Децата беа на редовна настава. Повремено можеше да се забележат ученици како влегуваат и изглегуваат од часови.

Во ова училиште учеше Вања, тинејџерката која беше киднапирана и убиена.

Оттогаш, учениците од ова училиште и нивните родители живеат во страв. Надвор од училишниот двор на училиштето, можеше да се забележат роднини на учениците кои ги чекаат да завршат часовите и да ги однесат дома. Пред камерата велат дека стравуваат за животот на нивните најмили.

„ Дојдов денеска ова време, а и вчера исто така да си ја земам внукичката од школо. Таа е тука седмо одделение и ми вика дедо те молам дојди да ме земеш. И велам ќе дојдам сине ќе те земам, што да правам, ние пензионерите за тоа сме, за внуците живееме. Па исплашена е поради случајот и доаѓам да ја земам, до кога ќе биде тоа вака не знам“, вели Миладин Димовски, дедо на ученичка во ООУ „Јохан Хајнрих Песталоци“.

Родители и граѓани и денеска носеа цвеќе и се простуваа од Вања. Преполната маса со последни поздрави е веднаш до училишната врата на влезот.

Тамара Марковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Остра реакција на Мицкоски за извештајот во Европскиот парламент

Дејан Дејан

(ВИДЕО) Нов пожар во близина на Скопје, гори кај Смилковци- очевидец пријавил на полиција дека видел како е подметнат

Дејан Дејан

Тошковски за пожарите: Се разгледуваат сите опции и сценарио кое би можело да има друга позадина

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе