Министерот Спасовски потврди дека во Турција е уапсен Љупчо Палевски -Палчо.
Палевски од Македонија избегал во Србија каде во Белград е оставен во еден хотел на 30-ти ноември. Потоа друго лице од Скопје го префрла од Белград преку Бугарија во Турција.
Тамуе се сместил во Бали Кесир, а преку турски извори дознаено е дека сакал да замине во Истанбул.
Со такси возач тргнал кон Истанбул, но се вратил во Бали Кесир. Денеска попладнево е уапсен додека се движел пешки по автопатот во Бали Кесер,
Спасовски соопшти дека е поднесена кривична пријава против 5 лица за двете убиства на 14-годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот Панче Жежовски.
До Јавното обвинителство е поднесена кривична пријава против 5-мината, од кои едниот е осомничен за убиство и грабнување, тројца за грабнување и соизвршителство на убиство, а еден е осомничен за помагање.
Спасовски се заблагодари на полициите и на МВР-ата од Турција, Србија, Бугарија, кои ги обезбедиле податоците за движење на Палевски кој е првоосомничен за двете убиства, како и на Хрватска кои сами провериле дека бегалецот не е во Хрватска иако има потерница по него за кривично дело во таа држава.