Вести Македонија Топ вести Топ тема

Топ Тема: После 18 години државата за првпат ќе има избори во редовен термин

На прашањето во вечерашната Тооп тема за тоа што беше клучно СДСМ на некој начин да се премисли за двојни избори бидејќи предходно се зборуваше дека изборите ќе бидат во редовни термини односно одвоени парламентарните од претседателски, членот на ИО од СДСМ Андреј Петров рече дека после 18 години државата за првпат ќе има избори во редовен термин.

„Изборите се во редовен термин тоа е факт, тоа е единствениот термин кој овозможува редовни избори. Првиот рок за претседателски избори е 14-ти март, а последниот е 8-ми мај. Првиот рок за парламентарни избори е 5-ти мај, меѓутоа со оглед дека е Велигден невозможно е да има избори. Согледувајќи ги сите аспекти 8-ми мај беше денот кој беше прифатлив и за опозицијата и за сите. После 18 години државата за првпат ќе има избори во редовен термин и тоа е добар исчекор после оние постојани предвремени избори што ги имавме 17 години наназад. Одлуката е коректна и се заштедуваат четири милиони со тоа што изборите ќе бидат на овој начин организирани“, рече во вечерашната Топ Тема Андреј Петров – член на ИО на СДСМ.

„Јас се надевам и очекувам дека ВМРО – ДПМНЕ ќе излезе со квалитетен претседателски кандидат, којшто ќе има потенцијал да привлече внимание кај популација каде што ние се обраќаме имаме своја аргументација и да направи дури и мобилизирачки ефект на прибирање на поддршка која ќе значи и поддршка и за парламентарните избори. За поздравување е промената на ставот на СДСМ бидејќи во спротивно нашето општество шест месеци ќе ни беше во зачмаеност“, рече Илија Димовски – поранешен пратеник на ВМРО – ДПМНЕ.

Имер Селмани – поранешен претседателски кандидат го отвори прашањето за тоа дали граѓаните ќе можат толку посветено да ги слушнат аргументите понудите на претседателските кандидати кога тие се поклопуваат заедно со парламентарните избори и понудите на политичките партии.

„Јас имам една дилема кога доаѓа до преклопување на претседателските и парламентарните избори едноставно заради тежината на парламентарните избори, кои после тоа формираат собрани, влада и т.н. поголемо внимание ќе биде посветено на самите парламентарни избори, а можеби помалку… и помалку простор може да биде доделен и од страна на медиумите па и од страна на самите граѓани, затоа што не можат постојано да следат што им се нуди и на социјалните медиуми. Тука единствено го гледам хендикепот, бидејќи едноставно нема да бидат толку во можност да ги проследат понудите на кандидатите“, рече Селмани.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Остра реакција на Мицкоски за извештајот во Европскиот парламент

Дејан Дејан

(ВИДЕО) Нов пожар во близина на Скопје, гори кај Смилковци- очевидец пријавил на полиција дека видел како е подметнат

Дејан Дејан

Скопје и Македонија во огнен обрач

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе