Вести Македонија Топ вести

„Еуромакс“ се обврзува дека нема да користи цијанид, бара од Владата да се спојат концесиите

Еуромакс се обврзува дека нема да користи цијанид во процесот на екстракција на руда и ќе направи суво јаловиште доколку е потребно но државата мора да одговори на нивното барање и да ги спои двете концесии за рудникот „Иловица“. Оттаму велат дека доколку се поведе арбитражен спор би тежел над една милијарда евра и доколку компанијата сакала досега можела да го стори тоа.

Суво одлагалиште и процес без употреба на цијанид во замена за спојување на концесиите. Ова е последната понуда на „Еуромакс“ до Владата проследена со барање за спојување на концесиите за рудникот „Иловица“. Од компанијата соопштија дека вчера е испратено писмо до министерството за животна средина во кое се наведени и објаснети постапките и процедурите на кои сега се обврзува компанијата а на барање на локалното население и надлежните. Покрај забраната за употреба на цијанид, ќе се користи и методот на суво одлагалиште на јаловина, Еуромкас се обврзува да направи водовод од Турија до Иловица за да нема рестрикции со вода за локалното население

Од „Еуромакс“ велат дека најголемите акционери се од Швајцарија и дека меѓу двете држави има билатерален договор за заштита на правата на инвеститорите и основа за отпочнување на арбитражна постапка. Првото барање да се најде решение за спорот е доставено до Владата во март 2020 година а од компанијата велат дека доколку сакале досега можеле да го поведат спорот.

Владата на 26 јули годинава ја поништи одлуката за спојување на двете концесии која ја донесе дваесет дена претходно.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Прв состанок на контакт групата за помош на Украина без учество на САД – Зеленски побара зголемување на воената помош

Дејан Дејан

Бислимовски: Не очекувам дека ќе има промена на цената на електричната енергија за домаќинствата

Дејан Дејан

Обвинителството презема дејствија за дивоградбите во Чаир

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе